Сѐ се случи така наеднаш, беше тоа еден ден кога случајно аплицирав за работа во Дубаи. И да, ми се јавија и ми кажаа дека имам интервју утре. Истовремено бев возбуден но и загрижен, бев возбуден затоа што ќе одам во Дубаи ќе видам нов свет нови работи но истовремено бев загрижен, како ќе го напуштам моето родно место и ќе одам во сосема нов свет, кај што не знам никој, што ли ќе се случи таму, далеку од моите родители кои секогаш ми биле поддршка во животот, далеку од моите другари и пријатели, мислам дека бев повеќе исплашен отколку возбуден.
Дојде нов ден, дојде денот кога треба да одам на интервју. Бев толку збунет дури и не се сеќавам што се случуваше на интервјуто.Поминав добро, ми рекоа ќе ти се јавиме наскоро. Чекав неколку дена и дојде денот кога ми се јавија и ми рекоа : „Ти честитаме примен си,се гледаме наскоро.“ Не знаев дали да се радувам или да плачам, бев среќен затоа што ќе одам во Дубаи но исто така бев и исплашен и загрижен. Дојде денот кога требаше да се качам во авионот и да полетам. Моите родители ме испратија до аеродромот, чекиравме карта и дојде ред да ги напуштам. Се качував по скалите на аеродромот и во себе си велев, што правам, да одам или да се враќам назад. Бев толку збунет толку исплашен што ако ме прашаа како се викам нема да можев да одговорам, но се решив дека ќе одам и нема да се откажам од тој сон! Се качив во авионот онака замислен, исплашен, изморен.
Стигнавме во Дубаи, не пречекаа на аеродром, не качија во автобус и не однесоа во хотелот. Бев толку многу изморен што само облеков пижами и заспав. Поминаа 8 дена а јас си давав надеж, дека брзо ќе помине времето, ќе поминат 6 месеци и ќе си се вратам дома, во моето родно место. Се вклопив во средината и запознав многу луѓе од повеќе различни земји, а некои од нив ми станаа и добри пријатели, сите делевме слична приказна. Иако не очекував Дубаи ми донесе и нешто повеќе од пријателство, таму ја запознав и мојата девојка. Многу работи се случија во тој период.
Поминаа 6 месеци, дојде време да си одам дома, се качив во авионот, стигнав во Македонија, среќен но и збунет.Среќен затоа шти бев дома, конечно после 6 месеци ќе ги видиш твоите, ќе се видиш со другарите и пријателите, но истовремено ти фали животот во Дубаи, пријателите таму, работата, девојката, зградите и многу други работи.ИСТО КАКО ДА СИ СЕ РОДИЛ ПОВТОРНО И СЕГА ИМАШ ДВА ЖИВОТИ, кај што доаѓа време да се одлучиш кој живот ќе го живееш, животот во Дубаи или животот во Македонија.Тешка е одлуката, навистина е тешка!
Но сепак се надминав себеси, јас, кој никогаш не ја напуштил Македонија повеќе од 10 дена, кој секогаш ја имал поддршката од своите родители, кој не знаел како е да се снаоѓаш сам во животот го почувствував сето тоа на своја кожа и да, горд сум на самиот себе што собрав сила и искусив нешто ново и многу важно во мојот живот! САКАМ ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ШТО МЕ ОХРАБРУВАА И МЕ ПОДДРЖУВАА ВО ТОА! ИСТО ТАКА ДА ИМ ЗАБЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ШТО МЕ ОБЕЗХРАБРУВАА ЗАТОА ШТО МИ ДАДОА ГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА ЗА ДА ИЗДРЖАМ И КОГА БЕШЕ НАЈТЕШКО! ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ!
Автор: Горан Илиев
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.