Туристка од Британија, која во полицијата на Дубаи пријавила силување, била притворена под обвинение дека имала предбрачен сексуален однос. 20-годишната девојка е пуштена под кауција, но пасошот ѝ е конфискуван и сега е исправена пред опасност да биде судена. Радха Стерлинг, директорка на невладината организација која го обелодени случајот, вели дека ова не е прв случај во кој во Обединетите арапски емирати жртвите насилување се тие кои се казнети. Таа додава дека полицијата редовно не прави разлика меѓу секс при взаемна согласност и силување.

db01

Во овој случај силувачите биле двајца Британци. Според некои информации, тие безгрижно се вратиле во својата татковина, без да добијат било какви обвиненија. Од друга страна, Би Би Си јавува дека пасошите им биле конфискувани и дека им помогнало британското министерство за надворешни работи.

Сподели на Facebook
пати видено