Француската маратонска трка во која тркачите застануваа за вино, сирење и остриги по должината на патеката, ја отвори регистрацијата за својата 35-та последователна година. Маратонот ди Медоч носи 8.500 тркачи низ живописните лозја на југозападна Франција секоја година.

И покрај тоа што ги исполнува атлетските стандарди во својот 42-километарски пат, оваа трка е невообичаена од ушт една гледна точка: секој тркач мора да носи фенси костим. За изданието во 2019 година, избраната тема е „супер херои“.

Според официјалните правила, машките и женските победници ќе ја добијат од виното Медоч во својата тежина, додека „голем број убаво облечени тркачи“, исто така, ќе бидат наградени со пијалок.

Организаторите велат дека финишот ќе биде затворен по шест часа и 30 минути, за што велат дека е „доволно долго да уживаат во маратонот дури и почетниците.“

За време на трката тркачите ќе се среќаваат со дегустации на вино, остриги, стек, сирење, грозје и сладолед, како и музички изведби.

По трката има веселби цела вечер, со бендови и локални продуценти кои снабдуваат повеќе храна и пијалоци. Основана во 1985 година, трката го носи своето име од винарскиот регион Медоч, северно од Бордо на атлантскиот брег на Франција.

Маратонците плаќаат 88 € за почетен број, со дополнителни трошоци ако учествуваат на дополнителна вечера или пократко пешачење од шест километри во неделата наутро по трката.

Медицинската помош е обезбедена од 300 волонтери, кои работат од 15 шатори и пет мобилни единици, кои се грижат за невообичаениот диететски режим на тркачите.

Овогодинешната трка ќе се одржи во сабота, 7 септември.

Сподели на Facebook
пати видено