Ајрис Грејс е неверојатно талентирано петгодишно девојче кое и покрај својот аутизам слика прекрасни слики. Но зад сцената има некој кој ѝ помага, кој исто така ја заслужува сета пофалба – тоа е Тула, нејзиното терапевтско маче.
Тула, која е стара скоро цела година, е од расата Мејн Кун. Оваа раса е позната како интелегентниот и нежен џин во светот на мачките, и покрај тоа што мачката е се уште мала и млада, Тула не разочарува. Нејзиниот нежен и сочувствителен карактер е особено важен за Ајрис, мало девојче кое ја имало несреќата да расте со аутизам; „Тула ѝ ја намали секојдневната напнатост и ја прави Ајрис смирена“, изјавила Арабела Картер-Џонсон, мајката на Ајрис, „но во исто време го постигнува ефектот на охрабрување да биде подруштвена. Таа ѝ зборува на Тула, кажувајќи ѝ кратки фрази како ‘седи, маче’.“
Картер-Џонсон за малку ќе се откажела од потрагата по терапевтско животно како другарче за нејзината ќерка. Но кога нејзината ќерка успеала да воспостави контакт со една сибериска мачка која ја чувале за Божиќ, таа сфатила дека „сепак дотогаш не наишла на вистинското животно“.
“Што и да правиме, Тула е тука и сака да помогне и да се вклучи. Играње со вода, сликање, возење велосипед, iPad, сложувалки, коцкички, цртање…таа на Ајрис ѝ го нуди нејзиното друшто, пријателство и ме поддржува во охрабрувањето на Ајрис да комуницира.“
„Тула ѝ ја намали секојдневната напнатост и ја прави Ајрис смирена, но во исто време го постигнува ефектот на охрабрување да биде подруштвена. Таа ѝ зборува на Тула, кажувајќи ѝ кратки фрази како ‘седи, маче’.“
„Ајрис минатата година поминуваше низ фаза на мразење на кади и миење на косата. Тула влегуваше во кадата со Ајрис и дури ми дозволи да ја шампонирам и неа за да ѝ помогне на Ајрис.“
„Ајрис сега е поактивна уште рано наутро. Пред Тула, секогаш беше тешко да го почнеме денот. Сега многу полесно се вклучува во активности и има големи промени во нашите возења со велосипед.“
„Не ни беше советувано да набавиме терапевтско животно, но кога истражувате за аутизмот, од време на време ќе налетате на раскажувања за прекрасните ефекти кои животните ги имаат врз детето со аутизам.“
„Ја носевме Ајрис на терапија со коњи, но се чинеше дека коњите не ја интересираат многу во тоа време. Тогаш почнав да размислувам за терапија со куче.“
„Ајрис и кучето не се сложуваа – Ајрис мразеше да ја лижат, а исто така и мавтањето со опаш, хиперактивноста на кучето ја вознемируваше. Така, за некое време се бев откажала од замислата за терапевтско животно.“
„Тогаш се сетив за терапија со мачка откако прочитав повеќе раскажувања за тоа колку им помогнале на децата со аутиза, но пак немаше никаков интерес од страна на Ајрис а изгледа дека и таа не ѝ се допадна многу на мачката исто така.“
„До тој момент веќе почнав да се заморувам од идејата. Не можев да продолжам со пробувањето со други животни, не беше фер кон ниедно од нив а и на Ајрис тоа воопшто не ѝ помагаше.“
„Тогаш на девојката на брат ми ѝ требаше место за нејзината мачка за Божиќните празници и ние се понудивме да се погрижиме за неа додека тие се во странство. Тоа беше прекрасна сибериска мачка и Ајрис веднаш се поврза со неа.“
„Во тој момент увидов дека се’ уште не сум го нашла вистинското животно. Така ни требаше долго време и многу опити и грешки пробувајќи различни можности, но на крајот стигнавме до целта.“
„Тула не е специјално тренирана мачка за терапија, но јас се потрудив околу некои работи – ја научив да носи ремен кога беше маче и да се вози во кола и на велосипед. Останатото си го прави сама.“
„Ременот има многу значајна намена. Тула доаѓа да се вози со нас на велосипед и има внатрешен појас во кошницата кој го врзувам за ременот. Вообичаено не сака да скокне но тоа е безбедносна мерка во случај нешто да ја исплаши, како сообраќајот на пример.“