Еден пријател на клисарот отишол во црквата и му рекол:
– Абе пријателе, многу и го имам меракот на попадиката и многу те молам да отидеш кај дедо поп и да го занимаваш таму со нешто еден час – час и половина додека сум кај неа.
Клисарот многу не сакал да го лаже попот, но овој пак му бил пријател и не можел да го одбие. И така еднаш, два пати и третиот пат на клисарот му станало незгодно постојано да го лаже попот, па решил да му признае:
– Дедо попе, да знаеш дека мојот пријател сега е кај попадијата.
– Ааааа – рекол попот. – Момче, бегај брзо дома, може и да си задоцнил. Жена ми умре пред пет години.