Некои градови во светот се познати по нивната големина, по современата архитектура, огромните облакодери и сјајни светла. Но некои се карактеристични и познати поради сосема поинакви причини. Кога од далеку го гледате Џодпур, град кој се наоѓа во индиската држава Раџастан, еден дел од градот е обоен во сино. Тоа е стар дел од градот кој отпрвин можеби ќе изгледа како некаква оптичка илузија, но куќите навистина се сите обоени во светло сина боја.

Џодпур е познат како Синиот град

pl01

Тоа е вториот град по големина во Раџастан

pl02

Џодпур бил основан во 1459 година. Неговиот основач Рао Џода наредил многу од куќите во градот да бидат обоени сино.

pl03

Некои веруваат дека куќите се сини бидејќи многу од нив биле домови на брахмани, бидејќи сината боја била симбол на оваа свештеничка каста во Индија.

pl04

Други тврдат дека сината боја е резултат на хемикалиите кои се употребуваат против термити, а врската со брахманите се само случајна бидејќи покрај припадниците на свештеничката каста, во куќите живеат и други луѓе.

pl05

Трети пак велат дека теоријата со термитите е погрешна и дека град како Џодпур кој ја почитува чистата животна средина не би ги покривал своите згради со отровни хемикалии.

pl06

Која и да е причината, сепак се работи за неверојатно живописен град со свој сопствен карактер.

pl07

Во прекрасните глетки може да се ужива од врвот на тврдината Меранагарх, која бдее над градот уште од неговото основање.

pl09

Синиот град е вистински одмор за очите, особено за оние кои се навикнати на сивилото во современите градови.

pl10 pl11 pl12

Сподели на Facebook
пати видено