„Тарзан“ од вистинскиот живот кој живеел повеќе од 40 години во дивините на Виетнам конечно успеал да се врати дома. 44-годишниот Хо Ван Ланг и неговиот татко, 85-годишниот Хо Ван Тан минале 41 година во шумите на областа Тај Тра во Кванг Нгаи. По војната избегале од својот дом и се засолниле во шумата, минувајќи ги следните четири десетлетија учејќи како да ловат, да градат засолништа и да се бранат себеси.

jn01

Биле најдени во 2013 година, и оттогаш почнале да се приспособуваат на животот надвор од шумата. Сега живеат во мала куќа во близина на шумата, но неодамна се вратиле во дивината која некогаш им претставувала дом, заедно со фотографот Алваро Карезо, за да го документираат и споделат нивниот некогашен начин на живот.

jn02

Карезо пишува на својот блог: „Можев да почувствувам дека беше возбуден на помислата дека ќе се врати на местото кадешто живеел целиот свој живот. Поради ова предложив со нас да појде и неговиот брат, како и преведувач. Ланг не се двоумеше ни секунда и следниот ден тргнавме. По цел ден одење низ џунглата, пристигнавме во неговиот стар дом. Ланг стана целосно обземен кога пристигнавме таму, речиси цел еден час гледаше некаде во далечина.“

jn03
Хо Ван Тан порано живеел нормален живот со неговото семејство во селото Тра Кам, за време на Виетнамската војна. Но, еден ден неговата жена и двајца од неговите синови загинале при експлозија на мина, поради што се нашол во состојба на шок. Го зел својот двегодишен син и избегал во џунглата, оттогаш немајќи никаков контакт со било кој друг.

jn04

Тие преживеале собирајќи овошје, маниока и садејќи пченка. Интимните делови си ги покривале со кори од дрвја, а живееле на импровизирано живеалиште издигнато пет метри над земјата. Кога локалните жители ги забележале, ги известиле властите.

jn05

Сподели на Facebook
пати видено