Кога сте на кампување во него може да се чуваат чкорчиња од кибрит – одлично ги штити од влагата. При повреда може да се користи за да се запре крварењето. Ако некој се дави, надувај го и ете ти појас за спасување. Ако го наполните со вода, можете да си ја донесете до дома златната рипка, која сте ја купиле од продавница за миленичиња… или да го користите за гаснење пожар… Презервативот е непроценлив асистент во секоја животна ситуација!
Сите овие аргументи, не ја убедија жена ми, кога најде неколку презервативи во мојот џеб.