„Одамна е познато дека…“ = Немав време да ги проверам податоците.
„Забележуваме очигледна тенденција…“ = Она што ви го кажувам нема никаква смисла.
„Иако не беше можно да се најдат категорични одговори на поставените прашања…“ = Резултатите беа неуспешни, но јас ќе ги објавам како успешни.
„За истражувањето избравме три примери…“ = Останатите резултати не ни одговараа.
„Ви покажуваме типичен пример.“ = Тоа беше со најубав график.
„Ќе ги претставиме резултатите во некој нареден извештај.“ = Може и да си направам труд да го напишам, ако ме принудат или ако ме финансираат.
„Според моето искуство…“ = Еднаш.
„Во неколку случаи…“ = Два пати.
„Во голем број случаи…“ = Три пати.
„Се смета дека…“ = Јас сметам така.
„Генералното мислење е…“ = И мојот пријател вели така.
„Одлуката е правилна во одредени параметри“ = Погрешно. Погрешно. Погрешно.
„Според статистичката анализа…“ = Според гласините…
„Статистички базирана проекција на значењето на нашето откритие“ = Сосема случајна претпоставка.
„По внимателната анализа на достапните податоци“ = Уништив три страници со важни белешки, кога ја турнав чашата со вино.
„Јасно е дека се потребни многу дополнителни студии, пред да постигнеме целосно разбирање на овој феномен.“ = Воопшто не го разбирам… И веројатно никогаш нема да го разберам.
„По дополнителни испитувања на моите колеги…“ = И тие не го разбираат.
„Оваа област е исклучително важна за истражување“ = Темата е досадна и бесмислена, но ми ја тупнаа од партијата.