Некои од најдобрите креативни производи се оние кои на старите употребени предмети им даваат нов живот. Така и „Suck UK“, фирма за домашна галантерија и подароци изнашла начин како старите шишиња да се претворат во едноставни, но практични и убави столни ламби.
Дизајнот личи на обична плутана тапа на чиешто дно е вметната бела LED светилка. Батеријата на светилката трае околу три часа, а обоеноста на светлината се разбира зависи од тоа во какво шише ќе ја ставите. Одличен начин да направите убава атмосфера.