Светот повотрно им подзавиде на Финците и нивниот неверојатно скромен претседател Саули Нинисте.
Претседателот неодамна го посетил Саемот на книги во градот Турку за да го слушен говорот на неговата сопруга Џени Хауко, но имало еден мал проблем, кој наверојатно нашите политичари би ги извадил од такт.
Салата била преполна и немало слободно место, па затоа претседателот си седнал на скалите. Неколку луѓе му понудиле да седне на нивните места, но Нинисте љубезно ги одбил.
Тој исто така подоцна напишал на Твитер дека му било прилично удобно на скалите бидејќи можел да замине во секое време, но тој не го сторил тоа, затоа што говорот на неговата сопруга бил исклучително важен и интересен.
Ова не е прв пат претседателот на Финска да ги зиненадува луѓето со својата скромност. Тој во април, оваа година бил во посета на Хрватска, а во Финска се вратил со авионски лет од нискобуџетната компанија „Norwegian“, патувајќи со економска класа.
Можеби затоа Финска го зазема првото место на листата на „Најсреќните земји во светот!“, а со вакви политичари, со сигурност и ќе останат таму.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.