Повеќе од 20 луксузни автомобили во вредност од 1,2 милиони долари беа уништени по наредба на претседателот на Филипини, Родриго Дутерте. Така, шефот на државата се бори со криминалот и корупцијата.
Автомобилите беа незаконски увезени во земјата, а цената на некои од нив надминуваше 100 илјади долари. Додека булдожерот ги газеше двата реда скапи автомобили, претседателот си правеше селфи фотографии. „Официјалните лица не може да имаат такви автомобили. Искористете ги за старо железо, направете играчки за децата“, рече Дутерте.