Иако може да ви се чини како добра идеја уште еднаш да проверите што има на Фејсбук или да изгледате уште едно видео на вашиот смартфон или на вашиот лаптоп пред да си легнете, обидете си да му одолеете на искушението. Според повеќето истражувања, светлината од овие уреди ве прави поуморни и драматично го намалува квалитетот на сонот.

ТВ екраните

tf01

Гледањето телевизија пред спиење влијае врз севкупниот квалитет на сонот, барем кај децата. Според истражување од 2013 објавено во списанието „Pediatrics“, колку повеќе децата гледаат телевизија пред да си легнат, толку потешко заспивале. Од 2016 испитаници, поголемиот број од тие кои заспале подоцна во просек пред телевизор поминале 13 минути повеќе од нивните врсници.

Мобилни телефони

tv02

Телефоните исто така можат да ве задржат до доцна. Истражувачи од Шведска и САД откриле дека 38 од 71 испитаник во истражувањето имале симптоми на телефонско озрачување кое се одразило со оддолжување на заспивањето. Според едно одделно проучување во Шведска, самото присуство на телефонот со сите тие непроверени имејли и твитови се одразува на нормалното спиење. Згора на тоа, некои дури стануваат од сон кога ќе слушнат дека добиле порака на некоја од социјалните мрежи.

Електронска светлина

tv03

Светлината од електронските уреди го намалува лачењето на мелатонин, хормонот задолжен за одмор. Според истражувањата, употребата на компјутери и мобилни телефони пред спиење го намалува лачењето на овој хормон за цели 22 отсто.

Покрај тоа, според Американската медицинска асоцијација ова може да го зголеми ризикот за појава на тешки заболувања, па дури и за канцерогени заболувања.

Работоспособност

tv04

Употребата на електронски уреди пред спиење се одразува и на работоспособноста во текот на следниот ден. Поголемиот дел од 161 испитаник во истражување на оваа тема се пожалиле на намалена работоспособност по останувањето до доцна навечер со нивниот компјутер или телефон.

tv05

Електронски или печатени книги

tv06

Според истражување спроведено од женската болница Бригам во Масачусетс при кое се правело споредба кој побрзо заспива, дали тие што читале електронска книга на нивниот ајпод или тие што читале печатена книга, се потврдило дека тие што читале од нивниот ајпод заспивале подоцна, имале пократка РЕМ фаза и нивното тело лачело помалку мелатонин од тие кои читале печатена книга. Следниот ден се чувствувале поуморни и покрај тоа што сите спиеле подеднакво долго.

Активен ум

tv07

Употребата на електронски уреди пред спиење го одржува умот активен во текот на ноќта што ја намалува должината на сонот како и квалитетот на одморот. Читањето вести или имејли или пак играњето видео игри го спречува мозокот да се исклучи што причинува задоцнето заспивање.

Широка употреба

tv08

Со широката достапност на овие уреди, голем дел од светското население е подложено на овие нездрави навики. Според анкета од 2012, речиси три четвртини од луѓето помеѓу 18 и 44 години заспиваат со нивниот телефон на дофат.

 

Сподели на Facebook
пати видено