Пред започнувањето на Светското првенство остана уште нешто повеќе од една недела, а понудата на билети на Интернет станува се поголема. Но, купувањето на билет за СП преку интернет е многу глуп потег и парите речиси сигурно завршуваат на сметката на некој измамник.

Официјалната продажба на билети веќе е завршена, но побарувачката остана многу голема. Тоа е она што криминалците ги користат, продавајќи „билети“ со цена од 20 до 50 илјади денари.

Според проценките на експертите за измами, со препродажба на билети за Светското првенство 2018, криминалците ќе заработат околу 40 милиони долари. Во продолжение ви прикажуваме како се движат цените на дел од билетите.

Сподели на Facebook
пати видено