Одам во мојот омилен ресторан со пријател и гледам дека е полн, ниту една слободна маса… Со ужас ми текнува дека е 14 февруари…
Застанувам среде ресторанот, го вадам телефонот и почнувам да зборувам гласно, гледајќи кон масите:
– Ало, јас сум тука… и твојот е тука со некоја друга. Доаѓај веднаш!
Шест парови веднаш со трчање бегаат надвор и шест маси остануваат слободни…