Бебето, по име Кристина Малоне-Браун, е родено во болницата „Методист Ле Бонхер Германтаун“ во Тенеси. Среќните родители Каметрион и Џастин Браун изјавиле: „Имаме вистинско девет/единаесет бебе“.
Според родителите, „докторот бил толку возбуден“, нарекувајќи ги случајните броеви и датуми „луди“. Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. 4 киднапирани патнички авиони се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон. Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе.
Се разбира, датумот толку значаен во американската и глобалната историја секогаш ќе биде запаметен, иако Каметрион и Џастин велат дека раѓањето на нивната ќерка носи – парче радост на ден кој е толку трагичен и сѐ уште боли.
Каметрион била однесена во просторијата за породување во околу 8:50 часот, а Кристина се родила преку царски рез само 21 минута подоцна. Сите се шокирале кога сфатиле дека бебето се родило на 9/11, во 9:11 часот и тежи 9 фунти и 11 унци (4кг и 300гр).
За овој ден исто така необичен бил ултразвукот на друга идна мајка по име Ијана Карингтон. Кога била на редовна проверка кај гинекологот забележале дека нејзиното девојче воопшто не е срамежливо и самоуверено гледа во камерата.
Ијана вели дека таа „веќе го сака своето мало демонче“. За среќа освен што многу сака да се фотографира уште сега малото „демонче“ е во добра здравствена состојба.