Потрагата на самохраната мајка по мажот кој го запознала на одмор завршила малку незгодно кога тој преку пријатели ѝ порачал дека не сака да биде најден. Гејнор Фоси од Лондон, мајка на четири деца, покренала акција на Фејсбук за да го најде заводникот од Ливерпул когошто го запознала на шпанскиот остров Лансароте. Човекот еден ден ја шармирал, и неа и нејзината десетгодишна ќерка ги повел на прошетка по градот, се договориле дека следниот ден ќе се видат, но Гејнор повеќе не можела да го пронајде.

gn

„Ми кажа дека е татко и дека живee во Ливерпул, но заборавив да го прашам за презимето и телефонскиот број“, раскажала Гејнор, која со години не била во врска со некого.

Неколку седмици по започнувањето на потрагата, примила порака од некој кој тврдел дека е пријател на таинствениот заводник, а таа порака не ѝ се допаднала многу.

„Тој не го користи Фејсбук, но ме замоли да ти кажам дека убаво си поминал и запознал некои прекрасни луѓе, вклучувајќи те и тебе и твојата ќерка. Ти посакува сѐ најдобро, но не сака да биде најден“, напишал пријателот.

Тоа било многу незгодно за Гејнор, која на стотина непознати луѓе кои се нафатиле да ѝ помогнат морала да им каже за „корпата“ која ја добила. Но, и покрај ова лошо искуство, таа не се откажува од потрагата по љубов.

Сподели на Facebook
пати видено