Иако повеќето луѓе би се задоволиле со тоа што на нивната златна рипка би ѝ ставиле малку разнобоен чакал, пластично растение и можеби некој друг украс, учесниците на меѓународниот натпревар за распоред на водни растенија го претвориле дизајнот на аквариуми во уметност.
За изработувањето на огромните аквариуми се потребни години на подготовка и авторите се сосредоточени речиси целосно на презентирањето на нивната убавина со употреба на исклучиво природни елементи. Оваа година учество зеле 2545 учесници од 69 земји, меѓу кои доминираат Јапонија, Кина, Бразил и Франција.
Вреднувањето на аквариумите се врши врз основна на шест критериоми: создавањето на природна животна средина за рибата; техничките способности на изработувачот; долгорочната одржливотст на аквариоумот; оригиналноста и впеатлвоста на дизајнот; презентацијата на дизајнот; севкупната композиција и баланс на растенијата. Учесниците се соочуваат со строги казни доколку користат елементи од нивни минати, веќе употребени дизајни, или доколку крадат идеи од други.
Добитникот на првата награда оваа година е Такајуки Фукада од Јапонија, со неговиот аквариум наречен „Копнеж“.