Фотографот на CANDi International, Трејси Бајс, наишла на едно особено куче по име Луна во Бонфил, Мексико. Кога Трејси го нашла кутрото куче, тоа буквално било кожа и коски. На Луна очајно ѝ била потребна помош, па така Трејси успеала да го убеди сопственикот да ѝ ја препушти грижата за кучето.
По прегледот од страна на ветеринар волонтер, на Луна ѝ биле дијагностицирани изгладнување и лесна форма на рак. Оваа приказна сепак има среќен крај, бидејќи едно семејство од Њујорк, на 1600 километри оддалеченост, решило да ја вдоми Луна и да се грижи за неа.