Видеото е со лош квалитет, затоа што ретко кој смее да објавува вакви снимки, но се гледа инцидентот кој се случи во селото Јурино во Република Мариј Ел.
Екатерина Вахитова, пратеник од Обединета Русија, дошла во едно од локалните училишта на последниот час, затоа што била поканета да им одржи говор на матурантите.
Одеднаш, еден од матурантите истрча од толпата и ѝ заби еден бокс во фацата. Лутиот матурант веднаш беше фатен и изваден од салата. Според очевидците, пратеничката го завршила својот говор, одвај задржувајќи ги солзите.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!