Дали сте слушнале за Момо? Можеби вие не, но децата од основните училишта низ целиот свет, па и кај нас имаат слушнато за овој лик. За жал, не се работи за забавен цртан филм кој има за цел да ги забавува и и едуцира децата, туку за една опасна и смртоносна замка, која ни доаѓа по „Синиот Кит“.
Една загрижена мајка решила да реагира и ги повика родителите да ги заштитат своите деца од опасностите од онлајн „самоубиствена игра“ откако нејзиниот син си ставил нож на вратот и рекол дека Момо му кажал да направи така. Осумгодишниот син на Лин Диксон, од Единбург, е едно од најновите деца кое за малку ќе станеше жртва на оваа „самоубиствена игра“.
Оваа игра се игра на WhatsApp, Фејсбук, Јутјуб и други онлајн платформи и ги охрабрува децата да се самоповредуваат. Морничавата игра е предводена од Момо, со долго лице, црна коса и големи страшни очи. Јапонската компанија за специјални ефекти Link Factory го создаде бизарниот лик, но вели дека не е вклучена во онлајн-самоубиствениот натпревар, кој предизвика светска загриженост.
Г-ѓа Диксон вели дека нејзиниот син сега се плаши од мракот и не сака да биде само во собата откако ги гледало видеата со Момо на Јутуб. Мајката од Единбург изјавила дека играта ги охрабрува децата да си наштетат.
Таа вели: „Тој ми ја покажа сликата на телефонот и ми кажа дека Момо му рекол да оди во кујната и да си стави нож на вратот. Му реков дека тоа се глупости и дека всушност станува збор за многу лоши луѓе кои прават лоши работи. Но, тој сега е преплашен и не сака да спие сам во својот кревет и не можеме да го убедиме дека Момо не постои.“
Неодамна, злкобната игра е поврзана со смртта на 12-годишно девојче од Аргентина. Татко од Франција поднесе претставка до Стејт департментот во ноември, откако неговиот син си го одземал животот поради оваа игра. И белгиското јавно обвинителство во ноември 2018 година објави дека едно 13-годишно момче било жртва на „Момо предизвикот“ и се обесило.
Интернетот и социјалните мрежи стануваат се поопасно „игралиште“ за децата, а заштитните мерки кои веќе ги имаат не играат голема улога. Се предлага родителите почесто да разговараат со своите деца за да можат навреме да се спречат страшните последици од ваквите злокобни игри кои би можеле да ги смислат само „болните умови“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!