Кога Џејсон Мос бил 18-годишен бруцош, бил опседнат со тоа да успее. Неговиот сон бил да стане ФБИ агент. Сакајќи да успее, Мос станал креативен.

За време на подготовката на неговата дипломска работа при Универзитетот на Невада во Лас Вегас, Мос почнал да се допишува со петмина од најозлогласените сериски убијци во Америка, вклучително и имиња како Џон Вејн Гејси, Чарлс Менсон и Џефри Дамер.

Мос мислел дека со стекнувањето на довербата кај сериски убиец (и можното дознавање и решавање на некое нерешено убиство) ќе се одличи себеси како кандидат за ФБИ. Со таа мисла, Мос почнал внимателно да истражува за познатите сериски убијци кои се наоѓаат зад решетки. За да се здобие со нивната доверба, тој во секое писмо се трудел да се претстави како некој кој би можел да побуди интерес кај сериски убиец.

ms01

Мос успеал да воспостави контакт со Ричард Рамирез, Хенри Ли Лукас, Џефри Дамер, Чарлс Менсон и Џон Вејн Гејси. Во неговите писма тој играл улога на следбеник, човек кој се восхитува или како потенцијална жртва.

ms02

Убиецот со кој Мос воспоставил најдобра врска бил Џон Вејн Гејси.

ms03

Гејси, познат уште и како кловнот убиец, бил еден од најозлогласените сериски убијци во американската историја. Помеѓу 1972 и 1976г. Гејси ги одзел животите на најмалку триесет и три тинејџери и млади момчиња од областа на Чикаго.

Мос мислел дека успешно го манипулира Гејси, глумејќи потенцијална жртва. За да продолжи со допишувањето, тој измислил личност со живот сличен на една од жртвите на Гејси.

ms04

Гејси му праќал писма со вознемирувачки упатства за сексуални чинови кои Мос требал да ги изврши за негово задоволство. За време на допишувањето Мос примил преку 100 писма, при што во некои од нив биле вклучени и цртежи.

По неколку месеци допишување, Мос и Гејси почнале и да се слушаат по телефон секоја недела наутро. Двајцата често разговарале за секс и за сексуалните фантазии на Гејси.

ms05

На крај Гејси го замолил да го посети во затворот кадешто ја очекувал неговата смртна казна. Откако ја убедил неговата мајка дека ќе биде совршено безбеден, Мос заминал за Илиноис. Пристигнал во затворот и бил одведен во просторијата кадешто го очекувал Гејси. Но, наместо да биде надгледуван од затворските стражари, тие го оставиле внатре сам со Гејси и ја заклучиле вратата, а безбедносните камери во просторијата биле свртени кон ѕидот.

Останувајќи сам бо собата, Мос увидел тој не го манипулира Гејси, туку дека всушност Гејси го манипулира него.

ms06

Кога останале сами во собата, Гејси почнал психички да го измачува и омаловажува Мос. За време на посетата, Гејси јасно му ставил до знаење дека тој се наоѓа во негова моќ и дека ако сака, може да го убие. Подоцна Мос се присетил дека било очигледно дека Гејси сакал да има сексуален однос со него. За среќа на Мос, токму во моментот кога Гејси станувал се понестабилен и агресивен, чуварите тропнале на вратата и тој излегол надвор.

По неговата средба лице в лице со Гејси, Мос го прекинал контактот со сите сериски убијци со кои се допишувал. Неколку месеци подоцна, на 10. мај 1994г. Гејси бил усмртен со смртоносна инекција. Мос паднал во депресија откако неговиот експеримент со сериски убиец тргнал во погрешна насока.

ms07

 

Тој почувствувал дека иако не бил повреден телесно, на многу начини тој бил последната жртва на Гејси. На крајот како начин да се справи со неговите чувства, неговото искуство го преточил во бестселер книгата „Последната жртва“. За жал, Мос никогаш не се опоравил од неговото искуство и на 6. јуни 2006г. извршил самоубиство. Изборот на датумот за самоубиството (6.6.06) покренал шпекулации дека Мос бил длабоко навлезен во сатанизмот.

Во 1999г. Џејсон Мос и неговиот однос со Џон Вејн Гејси биле предмет на епизода од шоуто 20/20 на АВС. Во продолжение следуваат епизодата во два дела.

Сподели на Facebook
пати видено