Во 2000-тите години Акон беше многу популарен на музичката сцена и заработи голема сума на пари. Но, во последните неколку години, навистина не сме слушнале многу за талентираниот музичар.
Акон очигледно решил да се одмори од музиката и планира да изгради футуристички град во Сенегал и да ја потпомогне целата економија на државата со сосема нова криптовалентност која ја именувал по себе.
Изведувачот и продуцентот номиниран за Греми го покажа својот амбициозен проект за прв пат на Меѓународниот фестивал на креативност во Кан. Додека бил таму, тој зборувал на панел дискусија наречена „Брендирање на Африка: блокчејн, претприемништво и зајакнување на иднината“.
Тој ѝ рекол на публиката на фестивалот дека криптовалутата што тој планирал да ја создаде, наречена Акоин, може да биде „спасител на Африка на многу начини“ поради сигурноста која што ќе ја има.
Слично на Биткоин, Акоин ќе функционира одвоено од владите и воспоставените финансиски институции, давајќи им на обичните луѓе поголема моќ над нивната способност да заработат пари. Валутата ќе се базира на апликација која ќе им овозможи на луѓето кои живеат во Akon Crypto City „да го искористат на начин на кој тие можат да напредуваат и да не ѝ дозволат на владата да ги прави работите што ги задржуваат“.
Според официјалната веб-страница за АКоин, на 45-годишниот музичар, кој раководи со две многу успешни дискографски куќи, му биле предложени 2.000 квадратни акри земјиште за неговиот амбициозен предлог, од страна на претседателот на Сенегал, Маки Сал.
Градот е опишан како „Ваканда во реалниот живот“, измислената хај-тек под-сахарска земја во најновиот филм на Марвел, Црн Пантер.