Најстариот научник во Австралија наредната недела ќе замине за Швајцарија за да стави крај на неговиот живот.

Д-р Дејвид Гудал поранешен универзитетски професор од Западна Австралија, не боледува од некоја болест, но вели дека жали што достигнал 104 години, бидејќи неговиот квалитет на живот продолжува да се влошува.

„Во голема мера жалам што ја достигнав таа возраст. Јас не сум среќен. Сакам да умрам. Тоа не е особено тажно. Она што е тажно е ако некој се обиде да ме спречи. Ако некој одлучи да се убие, тогаш тоа треба да биде доволно фер. Не мислам дека некој друг треба да се меша.“, вели Дејвид.

Д-р Гудал е роден во Лондон во 1914 година, и е еминентен ботаничар и еколог. Дошол во Австралија во 1948 година, заземајќи предавачка позиција на Универзитетот во Мелбурн. Тој го прославил својот 104 роденден на почетокот од април и оттогаш одлучи дека е време за пристап до доброволната еутаназија во Швајцарија.

Западна Австралија сѐ уште е во процес на воведување на доброволни закони за еутаназија, кои би биле ограничени на лица со терминална болест. Премиерот Марк МекГован изјави дека владата нема да му помогне на Д-р Гудал поради фактот дека не страда од терминална болест.

„Моето мислење е дека една стара личност како мене треба да има целосни права на државјанство, вклучувајќи го и правото на асистирано самоубиство.“, вели Дејвид. Тој се очекува да го напушти Перт во почетокот на мај во придружба на неговата долгогодишна пријателка и западниот австралиски координатор на Exit, Керол О’Нил.

Сподели на Facebook
пати видено