70-годишен палеонтолог кој бил регрутиран од Стивен Спилберг да им вдахне живот на диносаурите од Паркот Јура вели дека бил истеран од музејот кој самиот тој го основал – бидејќи колегите го мразеле поради тоа што се оженил со 19-годишна студентка. Џек Хорнер добил „грант за генијалци“ на МекАртур, напишал осум книги и 34 години ги минал работејќи во Музејот на Карпестите планини во Монтана, кој е огранок на Државниот универзитет на Монтана, заработувајќи 7,7 милиони долари.

st01 st03

Но, кога универзитетот му приговорил за неговата врска со студентката Ванеса Вивер, нештата тргнале лошо за него. Универзитетот побарал од него да ја прекине врската со Вивер, која е вистински фанатик за диносаури и на нејзината Фејсбук страна се гледаат слики со неа како носи костим на диносаур за Денот на вештерките.

„Тие можеа да кажат што сакаат, па така ние се венчавме за да правиме што сакаме“, вели тој. „И целото тоа време таа имала момче. Но, не се случуваше ништо нечестиво. Јас ја обожувам. Таа е прекрасна, очигледно многу си се допаѓаме еден со друг.“

st02 st04

Во Фејсбук објавите од тоа време, Вивер изразила фрустрациии за гласините кои се шират по студентскиот кампус, вклучувајќи и лажни гласини дека е бремена. Во објава од 25 јануари 2012 година, таа вели: „Да, вистина е, мажена сум. Но, луѓето не ја знаат причината поради која се омажив. Го сакам и тој ми е најдобар пријател. Судете колку што сакате за разликите во годините, не е важно. Тој не ми е советник, професор, работодавач и нема никакво влијание врз моите оценки на студиите. Нема никаква причина да ја `загубите вашата почит` кон него. Тој сѐ уште е одличен палеонтолог каков што беше. Ако сакате да дознаете зошто се омажив за него, пратете ми порака и ќе ви одговорам приватно.“

st06

Бракот резултирал со целосно уништување на пријателството со музејскиот директор Шели МекКарни и нејзиниот сопруг Пат Леиџи. „Одмаздничката двојка, како што ги нарекува тој, го преместиле неговиот персонал и му ги намалиле одговорностите, а МекКарни почнала постојано да го прашува кога ќе се пензионира, и на крај тоа и го сторил.

„Да не беше таа ситуација, веројатно сѐ уште ќе бев таму“, вели разочараниот палеонтолог.

st09

Сподели на Facebook
пати видено