Сопствениците на овие симпатични суштества имаат фарма за одгледување на нигериски џуџести млечни кози, a ова се некои од бебињата од 2019 година. Дел од млекото го продаваат бидејќи е многу квалитетно за јадење, а од останатиот дел прават сапун и други природни производи за нега на кожата. Освен тоа тие се натпреваруваат со своите кози на натпревари за животни. Неколку кози се национални шампиони на САД. Фармата се наоѓа во државата Охајо и има сертификат за Хумано одгледување на животни.