Изобличените животни вообичаено потешко се посвојувани од засолништата, но на ова кутре му се посреќило.
Лиса, кутре старо десет недели, била донесена во Хуманото здружение на силиконската долина со лузни по целото лице и со воспалени очни капаци за кои била неопходна хируршка интервенција. Персоналот на засолништето не верувале дека ќе успеат да ѝ најдат дом на Лиса, сѐ додека во нивните простории не влегле Кристин Доблар и нејзиното семејство.
„Моите девојчиња цело време се грижеа некој друг да не ја земе Лса пред нас“, изјавила Доблар. „Таа изгледа прилично невообичаено, но има прекрасна, жива личност. Фактот дека трчкаше кон секој од нас, и со истата љубов и темперамент кон секого кој ќе го поздравеше…разгледавме и некои други кучиња, но никое не можеше да се спореди со ова.“ Семејството ја посвоиле Лиса истиот ден, и ѝ го дале новото име „Лаки“.