Лесно се заборава дека огромен дел од човечката комуникација е невербалан, т.е. се употребува говор на телото, изрази на лицето и гестикулации со кои се надополнуваат зборовите. Понекогаш, едни исти гестови со рацете во различни делови од светот можат да имаат сосема поинакви значења. Еве некои такви примери.

Супер

gs01

Овој знак во повеќето западни култури претставува позитивна гестикулација. Но, низ историјата овој знак во различни култури развил различни значења, означувајќи 0, ништо, или дури може да служи како вулгарна навреда. На пример, ако на некого во Турција му го покажете овој знак, тој ќе си помисли дека го нарекувате „анус“.

Знакот V

gs02

Знакот V во древното минато бил употребуван како знак за победа (Victoria на латински значи „победа“), но во шеесеттите прераснал како знак за мир.

Палец нагоре

gs03

Палецот нагоре вообичаено се употребува како знак на одобрување, но во некои места како Грција или Австралија овој знак има вулгарно значење, сродно на покажувањето среден прст.

Сподели на Facebook
пати видено