Ник Дојл и Габи Ангелини прв пат се запознале во април оваа година, на конференција за лица со Даунов синдром во Детроит, Мичиген.
Тие веднаш си се допаднале еден на друг, но не можеле да бидат заедно затоа што живеат во различни држави. Сепак нивните мајки решиле да им ги вратат насмевките на лицата, а тоа се гледа и во видеото подолу.
Мајките на Ник и Габи одлучиле да ги изненадат своите деца со неверојатен гест. Ник кој живее во Охајо знаел дека треба да оди со својата мајка на аеродром за да пречекаат „пријател“.
Но, кога ја виде Габи која допатувала од Северна Каролина со својата мајка, неговата реакција е бесценета.
Мајките Лиса и Мери велат дека трудот се исплател. Досега Габи и Ник комуницирале преку Фејсбук и други социјални мрежи и не се надевале дека повторно ќе се сретнат.
Чистата љубов помеѓу 30-годишниот Ник и 21-годишната Габи може да се види од видеото, но и од фотографиите. Тие се надеваат дека ќе продолжат почесто да се гледаат и секако нивните мајки се тука за да ги поддржат.