Мало дете кое било најдено „слабо како косутр“ во таванот на неговата мајка во 2010 година, повторно се сретнало со неговите спасители. Сега здравото и среќно 13-годишно момче Џовани Иствуд воопшто не личи на шестгодишното дете кое тежело само девет килограми кога полицајците од областа Џонсон во Канзас, САД, го нашле.

„Во споредба со таа ноќ, разликата е како меѓу ден и ноќ“, вели наредник Брент Мур, кој за првпат повторно се сретнал со детето во сабота. „Ги знаете сликите од Втората светска војна. Тој беше таков.“

dt01

Полицајците з првпат го посетиле домот на Џовани во Де Сото, Канзас Сити, каде што наишле на нечисти услови и силна смрдеа на урина и измет. Рејчел Перез, мајката на детето, била уапсена согласно со налог издаден од општината, но таа не кажала ништо за синот кој го криела на таванот. За детето полицијата дознала од страна на прабабата на детето, која се загрижила за малиот Џовани кога на чувањео ѝ биле дадени двете негови сестри по апсењето на Перез. Полицајците се вратиле во куќата и почнале да го извикуваат неговото име, кога наеднаш слушнале слаби звуци кои доаѓале од таванот.

dt02

Полицаецот Џон Кингеле го турнал отворот на таванот и го нашол Џовани, како седи во тесниот простор, опкружен со шајки, скршено дрво и гипсени панели.

„Детето беше целосно изгладнето и имаше отворени рани, фекалии и урина низ целото тело“, стои во судскиот извештај. „Се чини дека детето не јадело со денови и му се гледаа повеќето коски.“

dt03 dt04

Најден само три седмици пред неговиот седми роденден, тој тежел само 9 килограми – помалку од просечно 8-месечно бебе. Бил однесен во болница страдајќи од повеќе компликации како резултат на суровото запоставување. Не можел да оди, и едвај зборувал. Бил покриен со сопствен измет и му бил дијагностициран Даунов синдром. Неговата приказна, еден од најлошите случаи на запоставување на малолетник во историјата на државата Канзас, ја шокирала целата американска нација. Џовани и неговите сестри биле посвоени од страна на нивните вујко и вујна во 2012 година.

dt05 dt06

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено