Минатата недела, светот беше потресен од бруталните терористички чинови во Париз. За време на видендот, целиот свет изрази жалење и поддршка за жртвите и нивните семејства. Но за жал, во сето тоа останаа незабележани уште две слични трагедии.

Имено, само со некој ден разлика пред нападите во Париз, слични самоубиствени терористички напади се случија и во Бејрут и Багдад, но тоа речиси воопшто не беше предадено во медиумите. Фејсбук не ни даде можност да ги филтрираме профилните слики со боите на овие земји, иако и нивните граѓани претрпеа исто толку болка и загуба колку и луѓето од Франција.

Во Бејрут еруптираше еден пазар, кога двајца бомбаши самоубијци се пробија во толпата. Експлозиите одзеле 43 животи, а биле ранети уште 239 души. Но, тие бројки можеби ќе беа уште поголеми ако не беше храбрата и мигновна одлука и реакција на овој маж-херој.

h01

Адел Термос се наоѓал на пазарот со неговата ќерка кога видел како експлодира првата бомба.

h02

Хаос и остатоци се разлетале насекаде додека луѓето во паника се стрчале да најдат засолниште. Тогаш Термос го забележал вториот бомбаш како се подготвува да ја активира бомбата, движејќи се кон масата народ.

h03

Наместо да се стрча во друга насока, Термос се стрчал право кон човекот и го зграпчил. Бомбата експлодирала, убивајќи ги двајцата. Со својот храбар последен чин, Термос спасил стотици други животи.

h04

Неговата ќерка, прикажана овде на погребот на својот татко, била една од среќните луѓе коишто биле спасени со неговото херојско дело.

Париз е една од колевките на современата западна цивилизација и култура и тоа е причината зошто експлозиите во петокот вечерта одекнаа во целиот свет, што и беше целта на терористите. Но, како што светот станува глобално село, би требало да бидеме повеќе свесни за страдањата во целиот свет и токму тоа е причината зошто тероризмот треба да се искорени. Ниедна идеологија и религија не заслужува да страдаат невини луѓе во нејзино име.

Еве што споделила Каруна Езара Парик, блогерка од Индија, на својата Фејсбук страница веднаш по нападите.

k

Selection_001

Ние не треба да се молиме за Париз, туку за светот. Тоа е свет во кој Бејрут се тресеше од бомбите два дена пред Париз и тоа не беше пренесено во печатот.
Свет во кој бомба експлодира на погреб во Багдад и ниту едно статусно ажурирање не вели „Багдад“ бидејќи ниту еден бел човек не умрел во тој оган.
Молете се за светот кој ја обвинувабегалската криза за терористичкиот напад.
Кој не подзастанува да направи разлика помеѓу напаѓачот и личноста која бега од истото од коешто бегате и вие.
Молете се за светот кадешто луѓето со месеци пешачат преку земји носејќи ги вредните нешта на грб и им се вели дека немаат каде да одат.
Кажете молитва за Париз неизоставно, но молете се повеќе за светот кој нема молитва за тие кои повеќе немаат дом да бранат. За светот кој се распаѓа во сите краишта, а не само во кулите и кафулињата кои ни се толку познати.

Ова утро се разбудив длабоко вознемирена од вестите од Париз, но уште повеќе бев вчудоневидена од вниманието кое го доби во социјалните медиуми. Разбирам јас дека Париз е сакано и познато место на многу луѓе, но ме мачеше тоа што Бејрут, градот во кој порасна татко ми, доби толку малку внимание по ужасните бомбашки напади два дена порано. Исто така ме мачеше што Багдад, местото со кое немам апсолутно никаква врска, доби дури уште помалку внимание по бесчувствителниот бомбашки напад.

Сподели на Facebook
пати видено