Во САД постои град кадешто е противзаконско да се поседува било како електромагнетен уред. Тоа значи дека нема мобилни телефони, Wi-Fi, радио или телевизија. Зошто некој би правел вака… а да не е амиш?

Едноставно кажано, овој град постои поради набљудувањето на чудата на вселената. Само овде може да се сретне технологијата којашто ни овозможува да се нурнеме во тајните на вселената, под услов да функционира како што треба.

Радио телескопите функционираат преку детектирање на електромагнетните бранови кои доаѓаат од далечни галаксии.

zn01

Сигналите се толку слаби, што и најмалото емитување на радио бранови од електронски уреди може да го поремети нивното регистрирање.

zn02

Затоа е забрането да се поставуваат предаватели за мобилна телефонија во близина на ова место, а нема прием ни на радио или телевизиски сигнали.

zn03

Оваа зона се протега на површина од 34.000 km² протегајќи се преку Западна Вирџинија, Вирџинија и Мериленд.

zn04

Згора на сѐ, забрането е и минувањето на колите на бензин. Моторите на бензин се покренуваат со искри кои запалуваат смеса од гориво и воздух, а електричните исри произведуваат електромагнетни бранови.

zn06

Кога сѐ ќе се земе предвид, разбирливо е што овде се живее на традиционален начин. Луѓето не ги заклучуваат вратите, редовно општат со соседите и животот се движи со бавни чекори.

zn07

И сосема е разбирливо што оваа зона се препорачува за луѓе со здравствени проблеми.

zn08

„Животот тука не е совршен“ вели Дајан Шоу, една од првите „електрочувствителни“ имигранти која се доселила во Грин Банк со нејзиниот сопруг во 2007г. Нема продавница, ни ресторани ни болница во близина. Но барем тука сум здрава и можам да работам нешто, а не цело време да лежам в кревет поради главоболки.“

zn09

Сподели на Facebook
пати видено