На 18. април 1955 година, Алберт Ајнштајн почина како последица на пукната артерија. Теоретскиот физичар извршил големо влијание во темелите на философијата на науката со неговата општа теорија за релативитетот, која стана еден од двата столба на модерната физика. Влијанието на Ајнштајн се проширило и надвор од научните полиња кои ги револуционизирал, бидејќи неговите цврсти политички и општествени гледишта го претворија и во икона на интелегенцијата и мудроста. Еве некои помалку познати факти за Ајнштајн кои многу говорат за неговиот карактер.
Доцна прозборел
Алберт Ајнштајн прозборел релативно доцна во детството и останал колеблив во зборувањето до неговата седма година. Некои расправаат дека ова било показател дека тој страда од Аспергеров синдром, нарушување во спектарот на аутизмот кое ги погодува развојот на говорните вештини и однесувањето кај децата.
Не бил лош по математика
И покрај широко распространетиот мит, Ајнштајн не бил лош по математика како дете. Всушност, уште од мала возрзаст се истакнал во математика и физика и почнал да учи диференцијално и интегрално сметање на само 12-годишна возраст.
Своите најголеми идеи ги добил во текот на само една година
Во 1905 година Ајнштајн објавил четири студии во кои биле опфатени некои од неговите најзначајни придонеси во физиката, и сето тоа во времето кога ја пишувал докторската дисертација и работел како службеник во швајцарска канцеларија за патенти.
Не добил Нобелова награда за неговата Теорија на релативитетот
Нобеловата награда која ја добил Ајнштајн не била за неговата теорија на релативитетот, туку за друг труд кој го објаснувал фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија. Неговото позначајно откритие за релативитетот останало ненаградано бидејќи биле потребни години за да се докаже едно од неговите клучни согледувања за ефектот на гравитациона леќа.
Посредувал за ослободување на заложници
Ајнштајн бил добро познат пацифист, и своите верувања ги ставил на тест во Германија по Првата светска војна, кога радикални студенти од Берлинскиот универзитет ги зеле за заложници ректорот и неколку професори. Ајнштајн бил почитуван во кампусот, па така тој и Макс Борн, пионер во областа на квантната механика успеале да ја смират ситуацијата.
Имал незаконска ќерка
Додека студирал на универзитетот во Цирих, Ајнштајн имал љубовна врска со колешката Милева Мариќ, која потоа ќе стане неговата прва сопруга. Пред да се земат, добиле ќерка, и Милева ја родила ќерката во домот на нејзините родители во Србија. По раќањето, двојката никогаш не прозбореле за ќерката, при што многу шпекулирале дека детето или умрело или било дадено на посвојување.
Бил женкар
Бракот на Ајнштајн и Мариќ на крајот завршил со развод, поради честите флертувања и излети на Ајнштајн со други жени. Една од неговите љубовници, неговата роднина Елза, на крајот ќе стане неговата втора жена. Ајнштајн продолжил да има љубовни врски со други жени и кога бил со Елза, но таа му го дозволувала тоа сѐ додека не се слушало многу за нив.
Неговата парична награда од добиената Нобелова награда отишла како надомест во спогодбата за развод
Разводот на Ајнштајн од Милена Мариќ бил одобрен под услов кога ќе добие Нобелова награда за некој свој труд, паричната награда да ѝ ја додели на неа. Нобеловата награда ја добил во 1922.
Му било понудено да биде претседател на Израел
Покрај неговите достигнувања во физиката, Ајнштајн бил познат и по неговите достигнувања во физиката. Тој бил пацифист до крајот на својот живот и се залагал против нуклеарниот развој по Втората светска војна. Во 1952 година, израелскиот премиер Дејвид Бен-Гурион на Ајнштајн му понудил да биде претседател на нововоспоставената држава Израел, но тој го одбил, наведувајќи ја неговата поодмината возраст како причина за тоа.
Го украле неговиот мозок
Ајнштајн сакал да го кремираат по смртта, но докторот кој ја изведувал аутопсијата на 18. април, 1955 година во Принстон, патологот д-р Томас Харви, си имал свои планови. Укажувајќи му се можноста да го проучи мозокот на еден од најголемите геии на векот, украл 1.2 килограми од мозокот на Ајнштајн, како и неговите очи, кои му ги дал на очниот лекар на Ајнштајн. Харви повеќето го пренесувал мозокот од едно место на друго и го исекол на повеќе парчиња за да го чува во тегли, но никогаш не го проучил. По 43 години, примероците ги вратил во Принстон.