Кучето со тажен поглед кое залудно го чекаше својот сопственик во болницата стопи многу срца во родната Русија и пошироко. За жал, нејзиниот сопственик е одамна починат.

Кучето Маша секој ден се појавува во подрачната болница во Новосибирск со надеж дека нејзиниот господар ќе се појави. Пациентите и болничкиот персонал, трогнати од верноста на ова куче, се грижат постојано да има топло легло и храна за Маша, надевајќи се дека еден ден ќе си најде нов сопственик.

Кога нејзиниот починат сопственик го донеле во болницата, Маша била неговиот единствен посетител. Ноќе се враќа да ја варди куќата, а дење доаѓа да го чека својот сопственик. Сестрата Аља Воронцова раскажува дека едно семејство се обидело да ја вдоми Маша, но следниот ден во 3 часот наутро Маша повторно се појавила пред болницата.

masha-1

masha-2

masha-3

Главниот доктор Владимир Беспалов изјавил за Сибериско време:

„Гледате ли колку ѝ се тажни очите – тоа не се сјајните очи кое кучето вообичаено ги има кога е среќно. Кај животните е исто како и кај луѓето. Ние за тоа не можеме да ѝ најдеме лек тука, но се надеваме дека Маша еден ден ќе си најде нов сопственик. Еден ден, а ние се надеваме дека тој ден ќе дојде наскоро, нашата Маша пак ќе има доверба во некого.“

masha-6

Сподели на Facebook
пати видено