Илјадници луѓе од Австралија биле измамени да ги остават своите лични информации со цел да добијат „мини дом“.

Искушението за освојување на модерна камп приколка биле толку големи што над 120.000 луѓе наседнале на Фејсбук измамата и покрај бројните предупредувања.

Во четири лесни чекори на корисниците им било ветено дека ќе ги исполнат условите за подарокот. Тие морале да кликнат дека им се допаѓа страницата, да го споделат постот и да коментираат „завршено“. Тие потоа беа насочени кон копчето за регистрација каде што ги регистрирале нивните лични податоци.

Сепак, компанија со исто име Tiny Homes Australia ги предупредила луѓето за измамта: „Ние немаме промоции со подароци, тоа се измамнички страни. Не ги кликнувајте, само пријавете ги кога ќе ги забележите.“

Лажната страна употребила и фотографии од слична компанија од Канада, а и тие исто така објавиле предупредување за корисниците дека тие немаат никаква врска со оваа „промоција“. Не се знае колку луѓе со сигурност го завршиле регистрирањето и го оставиле своите лични податоци кои вклучуваат и информации за кредитните картички.

Сподели на Facebook
пати видено