Овие луѓе ја познаваат ИТ идустријата од самите почетоци до најнапредните технологии, а сепак нивните деца се жалат дека не можат да користат електронски уреди како што го прават тоа другите деца на нивна возраст. 6 од најбогатите луѓе објаснуваат зошто донеле вакви родителски одлуки и како е да се биде дете на некој што изградил бизнис во милијарди долари базиран на ИТ развој.
Бил Гејтс
Бил има три деца. На нив не им било дозволено да користат паметни телефони и таблети додека не наполниле 14 години. Според Гејтс, тие се жалеле дека не можат да имаат различни гаџети додека нивните пријатели веќе ги имале. Сепак, родителите ја бранеле нивната положба.
Штом децата на Гејтс ги добиле свои уреди, семејството применувало неколку основни правила за употреба на различни уреди:
- Уредите можеле да се користат само за домашна работа или за разговор со пријателите.
- Не им било дозволено да користат било какви уреди за време на јадење или пред да заспијат.
- Родителите имале право да го ограничат времето на користење на уредите.
Покрај тоа, децата не ги прашувале нивните родители да ги купат сите уреди на Apple и се радувале да ги користат Windows паметните телефони и лаптопи.
Крис Андерсон – извршен директор на 3D Роботика, компанија за производство на дронови
Децата на Крис следат неколку строги правила кои служат за минимизирање на нивната употреба на паметни телефони и лаптопи. Според неговите зборови, неговите деца се жалат дека ниту еден од нивните пријатели не ги следат истите правила. Сепак, Андерсон вели дека не сака неговите деца да зависат од електронските уреди и да страдаат од промените што би можеле да ги донесат во нивните животи. Таткото, исто така, сака да ги заштити од изобилството на еротска содржина и понижување од анонимни луѓе кои можат да се најдат насекаде на интернет.
Дик Костоло – поранешен извршен директор на Твитер
Дик одлучи да не го ограничи времето кое што неговите деца го поминуваат пред уредите. Но, тој ги ограничи со границите на територијата. Децата на Костоло можат да ги користат своите уреди само во дневната соба. Ова значи дека не можат да го носат таблетот во кревет пред спиење или да заглават на интернет за време на ручекот.
Алекс Константинопол – извршен директор на Агенцијата OutCast, еден од најголемите светски IT партнери за бизнис
Алекс е строг родител што се однесува за употребата на уредите и се што е поврзано со нив. Нејзиниот најмлад син не смее да користи уреди во работните денови. Повозрасните деца можат да ги користат нивните уреди не повеќе од 30 минути на ден.
Еван Вилијамс – основач на Твитер и ко-основач на Pyra Labs, кој ја разви веб апликацијата Blogger
Еван и неговата сопруга, Сара, имаат 2 сина. Ниту едно од момчињата нема iPad. Наместо гаџети, полиците во куќата на Вилијамс се полни со книги. Според Еван, овие книги се доволни за да ги најдат потребните информации за само-забава во слободното време.
Стив Џобс – бизнис магнат и ко-основач на Apple Inc., NeXT и Pixar
Сите мислат дека, сите ви семејството Џобс ќе бидат опремени со најнови видови ултра-тенки модерни апарати и секогаш ќе имаат еден во свои раце. Сепак, тоа е далеку од вистината. Тој еднаш открил дека не им дозволил на своите деца да користат iPad. Тој се обидувал да ги натера да ги сакаат реалните разговори повеќе од уредите. Затоа целото семејство имало долги разговори во вечерните часови или за време на вечерата.
Секој родител треба да одлучи дали би ги применил ваквите правила или пак не. Ние ќе знаеме дали нивните правила биле добри само кога децата ќе станат возрасни и ќе донесуваат свои одлуки во овој свет. Сепак не може да се занемари фактот дека деловните луѓе кои се наведени погоре знаат многу повеќе за ИТ светот отколку ние. Што мислите вие за ограничување на употребата на уредите?