Некогаш многу одамна си живеел еден голем самурај. Кога остарел, се повлекол и ги подучувал младите за животот. Иако веќе стар, сеуште за него се зборувало дека никој не може да го победи.
Еден ден, се појавил воин решен да му ја земе славата на стариот самурај. Воинот не бил почитуван противник, затоа што за него се знаело дека се користи со нечесност и провокации само за да дојде до победа.
Воинот се исправил пред стариот самурај и му упатил предизвик да си ги одмерат сликите во битка. Учениците на самурајот се вознемириле од дрскиот предизвик, но старецот останал смирен.
Во вечерните часови, локалниот плоштад поцрнел од народ. Сите слушнале за предизвикот и дошле да видат кој ќе победи. Штом застанале еден наспроти друг, младиот воин започнал да го навредува и да го понижува и да го провоцира стариот учител, но старецот останал смирен и не сакал да се тепа. Го мавал со камења, плукајќи го во лицето изрекол мноштво навреди, дури ги навредил и неговите предци. Со часови се обидувал да го извади од рамнотежа, но старецот бил смирен. Доцна во ноќта, истоштен од сопствената злоба, воинот го признал неуспехот и си заминал.
Тогаш учениците, кои цел ден вриеле од гнев и со огорчени срца го гледале исмевањето на славниот самурај, се собрале околу него и го прашале:
– Учителу, како можевте да го истрпите тоа? Зошто не влеговте во двобој за да си ја заштитите честа, дури и по цената на тоа да загубите?
– Ако некој дојде кај тебе со подарок и ти не го примиш, чиј е подарокот? – им одговорил со прашање стариот мудрец.
– Ан тој што ти го донел подарокот. – одговориле учениците.
– Истото важи и за зависта, гневот и навредите. Кога не ги прифаќаш, продолжуваат да му припаѓаат на то што ги носи со себе!