Дејствието се одвива во градот Шарлот, Нова Каролина.

Адвокат си нарачува кутија пури (24 парчиња). Многу ретки и многу скапи. Кутијата чини 15.000 долари. Откако кутијата пристигнува, адвокатот брза да ги осигура. Ги осигурува пурите од кражба, секаков вид природни катастрофи вклучувајќи и пожар. За околу еден месец време, адвокатот ги испушува пурите и поднесува барање до осигурителната компанија за да му ја плати штетата.

Во барањето, тој објаснува дека пурите биле неповратно изгубени во „серија од мали пожари“ и инсистира осигурителната компанија да му ја исплати штетата. Осигурителната компанија, се разбира, одбива да плати, потпирајќи се на очигледните докази дека адвокатот ги исконзумирал пурите на најпопуларниот начин – ги испушил.

Адвокат ги тужи и го добива случајот!

Во случајот, судијата се согласува со осигурителната компанија дека барањето е бесмислено, но сепак, судијата вели дека адвокатот има полиса од осигурителната компанија, која ги осигурува пурите од пожар, без да се наведува во полисата точно каков пожар не е прифатлив.

Затоа осигурителната компанија е должна да му ја исплати штетата.

Наместо да губи време и пари во долги судски процедури и жалби, осигурителната компанија ја прифаќа одлуката на судот и му исплаќа на адвокатот 15.000 долари за да му ја покрие „загубата“ на пурите кои изгореле во серијата од мали „пожари“.

Сега, седнете на столчето, бидејќи доаѓа најдобриот дел.

Откако адвокатот го прима чекот, осигурителната компанија го пријавува во полицијата, барајќи да се уапси адвокатот. Го обвинуваат за предизвикување на 24 пожари. Го апсат! Во судот, осигурителната компанија ја вади како доказ пресудата од претходното дело, во која јасно се гледа дека „пожарите“ биле предизвикани од страна на адвокатот. Адвокатот е обвинет за намерно предизвикување на 24 пожари на осигуран имот и е осуден на 24 месеци затвор и 24.000 долари парична казна.

САМО ВО АМЕРИКА!

Поука: Колку повеќе знаеш, гледаш колку повеќе не знаеш!

Сподели на Facebook
пати видено