Му однеле на еден крал зрно пченица големо како јајце од кокошка. Кралот наредил да го повикаат најстариот човек од градот, за да го праша дали тој памети дали имало во негово време такво големо жито. Едвај го довеле старецот, кој се движел со патерици. Царот го прашал за пченицата, но тој одговорил:
– Немаше таква пченица во моето време. Прашајте го мојот татко.
Таткото доаѓа, старец со една патерица, ја гледа пченицата и вели:
– Немаше таква пченица во моето време. Прашајте го мојот татко.
Таткото доаѓа, здрав, добродушен старец, без патерици, ја погледнал пченицата и рекол:
– Да, такво зрно растеше во моето време, со такво се храневме.
Кралот го прашал старецот:
– Зошто ти, најстариот од сите, одиш толку исправен и без патерици, а твојот син со една патерица, а внукот твој со две?
Старецот одговорил:
– Тоа е затоа што во нив не расте такво зрно. Затоа кога оваа добра мисла растела кај луѓето тие оделе без патерици, кога се искривила со една патерица, а кога останал само спомен од неа, со две.
Кралот го прашал старецот:
– А со пари ли го купувавте зрното?
Старецот му рекол:
– Немаше пари во нашето време. Ние го одгледувавме и го делевме еден со друг за да може секој да го произведува. Така се прави со верата.