Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата…
Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
“Ова е твојата секира?” – Господ го праша.
Дрвосечачот одговори: ”Не.”
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
“Ова е твојата секира?“
Дрвосечачот повторно одговори:
” Не. ”
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
“ Ова е твојата секира?“
Дрвосечачот одговори:
” Да.”
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.
После некое време, дрвосечачот се шеташе со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
“ Господе, жена ми падна во реката!”
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
“Ова е твојата жена?” – Го запраша Господ.
“Да!” – рече дрвосечачот.
Господ се налути…
“ Ме лажеш! Тоа не е точно!“
Дрвосечачот одговори:
“Прости ми Господе. Се работи за недоразбирање. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три. Господе јас сум сиромашен, и не би можел да се грижам за трите жени, и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!”
ПОУКА: Кога и да лажат мажите, тоа е за добро на сите!!!