Кога 22-годишната Аби Рамирез Бодли од Арканзас, САД, не успеала да најде венчаница во рамките на буџетот со кој располагала, таа решила самата да си направи една. Нејзината тетка, којашто ја научила да плета уште кога таа имала три години, љубезно се понудила да помогне. На 17 октомври, после осум месеци напорна работа, Рамирез Бодли се упатила кон олтарот во свадбениот фустан од нејзините соништа, кој ја чинел само 70 долари, плус 100 долари за зелениот фустан под него.
„Да направиш нешто со своите сопствени раце и со љубов за најважниот ден во твојот живот е нешто многу посебно“, вели таа. За идните невести кои би се решиле на ваков чекор, таа го има следниот совет: „Почнете рано и нека не ве опфаќа нервоза и нестрпливост. Крајниот резултат го заслужува сиот труд.“