Една жена сега не можат да ја препознаат, откако потрошила 118 000 долари за да го отстрани вишокот масти и кожа поради кои, како што вели таа, личела на шар-пеј куче. 32-годишната Џорџија Ејлс од САД тежела 146,5 килограми откако претрпела намалено лачење хормони кое и го пореметило метаболизмот. По безбројни пропаднати обиди за држење диета и земање додатоци во исхраната, во 2014 година таа се решила на хируршка интервенција. По операцијата (гастричен бајпас)три месеци таа можела да конзумира само протеински шејкови, а три недели по закрепнувањето извесно време ѝ било тешко да јаде цврста храна. По две години, благодарение на внимателната исхрана и редовното вежбање, таа изгубила 76 килограми.
Но, по големата загуба на тежина, ѝ останале купчиња вишок кожа по телото, што ѝ отежнувало во вежбањето, а исто така и градите ѝ виснале. Пред пет месеци, таа решила да го подобри квалитетот на својот живот и пак се подложила на хируршка интервенција за отстранување на вишокот ткиво и поткренување на градите. Сѐ вкупно ја чинело 118 000 долари, но поради здравствените импликации таа ги повлекла преку осигурувањето и сега не може да дочека да продолжи со нејзиниот активен стил на живот.