Астрономи од Франција успеале да го стеснат појасот кадешто би можела да се наоѓа новата планета. Никој не знае точно каде се наоѓа, колку е голема или дали воопшто и пости, но кога истражувачи од Калифорнискиот технолошки институт открија дека постои навистина голеа можност во нашиот сончев систем да постои деветта планета, почна силно да се трага по овој нов енигматичен свет.

Научниците веруваат дека доколку навистина постои, новата планета веројатно е со десет пати поголема маса од земјината и можеби ѝ се потребни до 20.000 години да направи цел круг околу сонцето. Исто така, веројатно е и дваесет пати подалеку од сонцето од најоддалечената планета од него, Нептун.

nb

Сега следејќи нова анализа на податоци собрани од вселенското летало Касини коешто кружи околу Сатурн, француските научници успеале да исклучат неколку региони на сончевиот систем како можно место кадешто би можела да се наоѓа 9-та планета, така што развиле математички модели со детали за гравитационите ефекти на новата планета врз другите осум планети. Нивниот труд на крајот ги редуцирал бојот на местата кадешто би можела да се наоѓа 9-та планета за педесет отсто.

„Најоддалечените објекти застрануваат во еден правец на многу чуден начин, што не би требало да се случува, и ние сфативме дека единствениот начин тие да се движат на тој начин е доколку има огромна планета, исто така многу оддалечена во Сончевиот систем, којашто ги држи на своето место“, вели д-р Мајк Браун од Калифорнискиот технолошки институт, кога во јануари ја обзнанија можноста за постоењето на деветта планета.

„На Земјата има многу телескопи коишто би можеле да ја најдат, и јас навистина се надевам дека, од моментов кога го објавуваме ова, ќе се започне со истражување на светско ниво за да се најде деветтата планета.“

Сподели на Facebook
пати видено