Гримоар е прирачник со магии, кои содржат упатства како да направите магиски предмети како талисмани, магиски круг, како да фрлате клетви или да повикувате ангели и демони, но и практични медицински совети. Додека денес би ви биле просто забавни четива, во минатотоовие книги биле сфаќани сериозно и во зависност од тоа каде се наоѓате, сте можеле и да завршите многу лошо ако ви ги најдат. Еве некои од најморничавите примери за такви книги
Некромантски прирачник
„Минхенскиот прирачник за демонска магија“ (познат и како некромантски прирачник) е книга исполнета со клетви и магии кои можат да направат непријателите да видат војски коишто всушност не постојат. Исто така содржи упатства за разни тајни магични напитоци, а на читателите им објаснува и како да жртвуваат митолошки суштества како оваа убавина на сликата.
Пикатрикс
Овој гримоар од 11. век е најголемиот, со цели 400 страници, а во исто време е и најгрозниот. Речиси секоја мешавина која оваа книга ви предлага да ја испиете ќе ви донесе неверојатна магична моќ, но штосот е во тоа што треба да измешате измет во неа. Или семена течност. Или крв. Што мислите, вреди ли?
Галдрабок
Овој исландски гримоар содржи магии, исто како и останатите, но исто така и магични руни кои се издлабуваат на украси и тализмани. Моќта која овие магични руни ја носат можат да предивикаат смрт кај вашите непријатели или „да им го проколне стомакот на јако прдење….и никогаш да не престанат да прдат.“
Книгата со клетви на Хонориј
Напишана од Хонориј од Теба, оваа древна книга од читателите бара да не ја копираат бидејќи книгата не смее да ја има во повеќе од три примероци. Нејзините читатели исто така никогаш не смеат да спијат со жена. Во замена за тоа, ќе можат да предизвикуваат поплави и други видови на штета врз царствата на нивните непријатели.
Pseudomonarchia Daemonum
Оваа книга каталогизира 69 од омилените демони на ѓаволот и содржи упатства како да се повикаат истите за злобни дела. На пример, постои и посебен демон за крадење коњи, ако тоа ви е омилениот злостор.
Книгата на магот Абрамелин
Според преданијата, еден еврејски патник од 15. век налетал на мистериозниот маг Абрамелин, кој му ја дал неговата лична книга со магиски упатства. Главниот дел од оваа книга е посветен на 18-месечен ритуал кој кај читателот ќе го ослободи неговиот личен ангел. Потоа тој ангел ќе му подари телепатски моќи, визии од иднината, па дури и контрола врз временските услови.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.