Кога во старите времиња луѓето ќе посакале малку самотија, едноставност и „просветлување“, тие често оделе да живеат во пештера. Планините во Непал се популарно одредиште за тие кои и денес сакаат да црпат мудрост од скромната тишина. Но, локалните жители раскажуваат дека во истата област и ма и друг учител, кој е доста моќен…

md01

Длабоко во пештерите на Хималаите постои пчела која произведува нешто што локалните жители го нарекуваат „луд мед“. Лудиот, или црвениот мед се произведува од пчелата Apis dorsata laboriosa, или општо позната под името хималајска пчела. Оваа пчела е најголема во светот и прави крајно невообичаен мед за кој се вели дека има халуциноген ефект.

md02

Тоа се должи на фактот дека пчелата прави мед од цветовите на растението рододендрон, прекрасен но отровен цвет кој содржи андромедотоксин.

md03

Во мали количества, медот опушта и се вели дека на многу начини му помага на здравјето. Но во големи дози може да настапи труење кое предизвикува повраќање, слабост на мускулте и срцеви неправилности. Локалните жители изминуваат долг пат за да се снабдат со реткиот мед. Краткиот документарен филм кој следува оди во повеќе детали, опишувајќи го медот и интригантните причини поради кои се трага по него.

Сподели на Facebook
пати видено