Секои 100 години на Земјата ѝ се закануваат соларни бури и експертите предупредуваат дека претстои таков период. Тие за првпат објавиле мапа која покажува кои области од САД се под најголем ризик да бидат погодени од интензивна соларна бура. Мапата била изработена со употреба на геометриски мерења на бури и податоци од магнетските материјали под Земјата – при што се открива дека Минесота се наоѓа под особено голем ризик.

sb01

Соларните бури можат да го пореметат Земјиното магнетско поле и да предизвикаат хаос во нашите електрични мрежи. Официјалните лица предупредуваат дека силен електромагнетен пулс од сончевите зраци би можел да предизвика штета од 2,6 билиони долари низ целиот свет, па дури и да предизвика крај на цивилизацијата таква каква што ја познаваме.

sb02

Соларните бури се ерупции на магнетна енергија од површината на Сонцето. При ослободувањето на оваа енергија се испуштаат гасови кои се упатуваат кон Земјата. „Убиствените електрони“ од сончевите зраци можат да патуваат кон Земјата со брзина од милиони километри на час.

sb03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено