Ал Капоне бил озлогласен американски гангстер со мултимилионски бизнис со шверцување алкохол, проституција и коцка со што доминирал на сцената на организираниот криминал во Чикаго речиси цела деценија. На врвот на својата моќ, тој ангажирал повеќе од 1000 платени убијци во негова служба, а половина од полициските службеници во градот биле на неговиот платен список. Сепак, во неговите последни години тој пропаднал психички, станувајќи треперлив, исплашен човек кој ноќе врескал кон некојси Џими да го остави на мир. Дали Ал Капоне претрпел нервен слом во последните години, или бил прогонуван од духот на некоја од неговите жртви.

Алфонсе Габриел „Ал“ КАпоне (1899-1947) бил роден во Бруклин, Њујорк, како син на скорешни мигранти од Италија. Неговите први стапки во организираниот криминал ги направил кога се преселил во Чикаго и му станал пријател и телохранител на Џони Торио, шевот на криминалниот синдикат кон незаконски продавал алкохол за време на прохибицијата.

cp02

Набргу Ал Капоне го прифатил животот на опасен гангстер и веќе на дваесет и шестгодишна возраст бил моќен криминален бос кој имал политичка и законска заштита. Употребувал потпуп и застрашување за да влијае на изборите, како и насилство и убиства за да се осигура дека неговиот бизнис со незаконска трговија со алкохол да биде успешна. Капоне буквално бил недопрен од законот, сѐ до бруталниот масакр на членови на ривалска банда кој се случил на денот Св. Валентин, што ги навело влијателните граѓани да побараат акција од владата.

Масакрот на Св. Валентин

До почетокот на 1929 година, Капоне доминирал во незаконската трговија со алкохол во Чикаго. Но други рекетари, познати како „бандата од северната страна“, посакале дел од колачот, а помеѓу нив бил долгогодишниот ривал на Капоне, Багс Моран. Капоне одлучил дека Моран бил преголема закана и морало да го снема.

Утрото на 24. февруари, 1929 година, луѓето на Капоне, преправајќи се дека се полицајци, отпочнале лажна рација врз бандата од северната страна. Лажната полиција наредила седум луѓе спроти ѕид и потоа ги покосиле со автоматски пушки. Фотографиите со жртвите ја шокирале јавноста и наштетиле на репутацијата на КАпоне помеѓу неговите политички сојузници, по што било донесено решение најпосле да се стави крај на беззаконието на Капоне.

cp03

Бидејќи немале докази кои би го поврзале со масакрот, Капоне морал да биде уапсен под други обвиненија. Во мај 1929 година, Капоне бил уапсен поради носење пиштол за време на едно патување во Филаделфија и бил осуден на затворска казна во државниот затвор на Филаделфија.

Ал Капоне измачуван од „Џими“

cp01

Влијателните врски на Капоне му овозможиле врвен третман во затворот. Додека другите затвореници страдале во голите, бетонски ќелии со обична штица за кревет, ќелијата на Капоне била опремена со префинет мебел, слики во масло и радио. Но, неговата луксузна ќелија не му помогнала многу – не поминало долго време кога грубиот и цврст бос се трансформирал во вистинска плачечка и преплашена збрка од човек кој ноќе испуштал крици од кои замрзнувала крвта, викајќи кон некој Џими да го остави на мир.

cp04

Многу луѓе веруваат дека „Џими“ бил духот на една од жртвите на Ал Капоне, кој го измачувал секоја ноќ. И навистина, една од седумте жртви на денот на Св. Валентин се викала Џејмс (Џими) Кларк. Неговото вистинско име било Алберт Качелек и бил зет на Багс Моран.

Измачувањето продолжило и откако Капоне излегол од Источниот државен затвор и заминал да отслужува дополнителни единаесет години затвор во државниот затвор во Атланта и во Алкатраз, како казна за избегнување данок. Во 1931 година, Капоне ја повикал и Алис Брит, медиум која требала да искомуницира со духот Џими и да открие што сака тој. Очигледно, Брит не успеала и Капоне продолжил да биде измачуван,

Други посочуваат понаучно објаснување за неговите маки.

Сифилис му го одзел умот на Ал Капоне

На дваесетгодишна возраст, Капоне работел како исфрлувач во бордел, кадешто се заразил со сифилис. Никогаш не побарал лекување, што предизвикало болеста да напредне во невросифилис, што довело до деменција. Откако одлежал шест и пол години затвор, во 1939 бил сместен во ментална институција кадешто останал три години. Во 1946 година неговото здравје се влошило и неговиот лекар и психијатар од Балтимор го прегледале и заклучиле дека Капоне имал умствен капацитет на дванаесетгодишно дете. На 25. јануари 1947 година, Капоне умрел од престанок на работата на срцето. Бил закпан на гробиштата Маунт Кармел во Хилсајд, Илиноис.

cp05

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено