Овие тажни фотографии во кои ренџерот Захарија Мутаи, се збогува со Судан, последниот машки северен бел носорог на земјата, кој почина кратко време откако фотографиите биле направени во резерватот за диви животни во Кенија.
Носорогот, кој се вика Судан, страдаше од дегенеративна состојба на мускулите и коските поврзана со возраста кога чуварите откриле дека тој не може да застане и донеле одлука да го успијат во понеделникот.
Смртта на Судан би требала да значи крај за неговиот вид, но научниците тврдат дека собрале доволно генетски материјал за да се обидат со инвитро техники да направат повеќе бели носорози. Судан кој почина на 45 години, има ќерка и внука, кои сѐ уште се живи.
Носорогот беше дел од амбициозните напори за спасување на подвидот од исчезнување по децениско убивање од ловокрадците, со помош на двете преживеани женки. Популацијата на северните бели носорози во Уганда, Централна Африканска Република, Судан и Чад во голема мера била избришана за време на кризата од 1970-тите и 80-тите години, поткрепена со побарувачката за рогови од носорози во традиционалната кинеска медицина во Азија и за ножеви во Јемен.
Последната преостаната дива популација од околу 20-30 носорози во Демократска Република Конго беше убиена во борбите кон крајот на деведесеттите и раните 2000-ти, а до 2008 година северниот бел носорог се сметаше за исчезнат во дивината.
Судан беше именуван по земјата на неговото раѓање, сега Јужен Судан и беше заробен во 1973 година кога имал околу три години, пред да биде однесен во зоолошката градина Dvur Králové, во Република Чешка.
Но, во 2009 година тој беше преместен во Кенија заедно со уште еден мажјак и две женки – неговата ќерка Најин и внуката Фату – во амбициозни напори за спасување на видовите.
На носорозите им била дадена површина од 36.000 хектари и имале чувари 24/7 кои ги заштитувале да не бидат убиени, повредени или украдени. Исто така биле заштитувани од огради, дронови и кучиња-чувари. И покрај тоа што имало обиди за парење, за жал, немало успешна бременост.
Иако смртта на Судан претставува пресвртна точка за овој вид, тој е технички неплоден со години, што значи дека инвитро одамна е последната надеж за опстанокот на северниот бел носорог.
Научниците сега се надеваат дека ќе развијат техники со користење на замрзнати јајце клетки и сперматозоиди кои ќе му овозможат на видот да преживее. Чуварите го опишуваат Судан како многу тивко и кротко животно.