Почнувајќи од 2018 година, смртната казна е укината во сите европски земји, освен во Белорусија и Русија. Русија, сепак, стави мораториум на оваа форма на казна во 1999 година, со што Белорусија е единствената европска земја каде што смртната казна сѐ уште се користи во пракса.

На мапата подолу е прикажана последната година (за секоја земја) на извршување на егзекуција како форма на казна за не-воен и криминал кој не е поврзан со војна, заедно со користениот метод. Во неколку земји, биле извршени неодамнешни егзекуции за (наводни) воени злосторства, предавство, геноцид или други злосторства против државата.

Во Македонија, последната смртна казна е извршена во далечната 1987 година по пресуда на тогашниот скопски Окружен суд токму за грозоморен случај на педофилија. Имено, таткото монструм Маље Зекири од село Зајас ја силувал, задавил и запалил сопствената ќерка. Педофилот бил стрелан неколку дена подоцна.

  • Белорусија -> 2017 – стрелање
  • Украина -> 1997 – стрелање
  • Русија -> 1996 – стрелање
  • Србија -> 1992 – стрелање
  • Чешка -> 1989 – бесење
  • Словачка -> 1989 – бесење
  • Бугарија -> 1989 – стрелање
  • Полска -> 1988 – бесење
  • Хрватска – 1987 – стрелање
  • Македонија -> 1987 – стрелање
  • Црна Гора -> 1981 – стрелање
  • БиХ -> 1977 – стрелање
  • Словенија -> 1959 – стрелање

Може да се заклучи дека изборот на метод на егзекуција дека е во корелација со географската и културната близина. Постои јасна разлика меѓу Источна и Западна Европа. Забележливо е дека најпосакуваниот метод на егзекуции во Источна Европа е стрелањето, додека во Западна Европа се претпочитала гилотината.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено