Вака изгледа ужасниот миг кога родители џихадисти ги бакнале сопствените ќерки за збогување, кратко пред едната од нив да влезе во полициска станица во Сирија и да биде разнесена со далечински детонатор. На снимката се гледа маж фанатик кој им одржува некакво предавање на две деца на возраст од седум и девет години, за тоа како да извршат бомбашки самоубиствен напад, а потоа децата ги прегнува една жена во бурка.
Набргу потоа седумгодишното девојче оди во една полициска станица во Дамаск и е разнесено во експлозија активирана со далечински детонатор. Сириските новинари известуваат дека двајцата возрасни се родители на децата. Кога ја прашале мајката зошто ги праќа своите деца во смрт толку млади, таа одговара:
„Никој не е премлад кога станува збор за џихад и секој муслиманин треба да учествува во џихад.“
Таткото им вели на девојчињата:
„Не треба да се плашите, бидејќи ќе одите во рајот, така?“
на што едно од девојчињата одговара потврдно, и потоа и двете велат „Алаху Екбер“, а нивниот татко започнува со молитвата.
Што да се каже на ова, што да се коментира?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!